Јанко Бачев од Народното движење за Македонија денеска изјави дека Уставниот суд треба да ја отфрли иницијативата за уставна оценка на законот за СЈО, и веднаш проблемот со СЈО да им го врати на политичарите и тие дополнително нека расправаат за она што го бараат од Уставниот суд, односно за статусот на СЈО.
-Дури, приврзаниците на опозицијата и оние од „Шарената револуција„ веќе и порачаа на власта дека ги одбројуваат деновите до 18 јуни до кога бараат Уставниот суд да ја потврди уставноста на СЈО, а во спротивно ќе ја преземеле правдата во свои раце, што во превод значи граѓанска војна. За НДМ нема дилема. Повеќе немаме простор за грешки во актуелната криза. А, најголемата грешка би била ако земјата биде вовлечена во граѓанска војна. Токму затоа, НДМ презема поактивна улога и на овој план за да помогне во изнаоѓање на решение, рече Бачев.