Партијата Народно движење за Македонија (НДМ) денеска до Собранието поднесе иницијатива за распишување референдум за тоа дали државата треба да продолжи со заложбата за членство во Европската унија.
-Ние од 1991 година наша ориентација е земјата да стане членка на ЕУ па константно сме во некаква криза. Дури имавме и војна во 2001 година иако сме кандидат за членка во ЕУ. Така што тоа е лажна слика која се создава во јавноста дека членството во ЕУ се гарантира безбедноста на земјата. Ние сме за тоа дека за да се обезбеди сигурноста на земјата треба многу работи да се решат на домашен терен – изјави Бачев.
Доколку Собранието не распише референдум, од партијата велат дека ќе почнат со собирање на потребните 150.000 потписи за поддршка на иницијативата.