Обвинение за Беќир Асани за нападот врз Тодор Петров

by fokus

Основното јавно обвинителство поднесе обвинение против Бекир Асани, претседателот на огранокот на ДУИ во Чаир, за насилство врз Тодор Петров. Oсвен Асани за истото кривично дело oбвинети се уште две лица.

Според обвинeнието, претседателот на Светскиот македонски конгрес, бил претепан на 27 февруари во ресторан во близина на Скопски саем, веднаш по поставувањето на темелникот на 55 метарскиот крст во скопската населба Бутел.

Тој заврши со потрес на мозокот и повеќе повреди на телото, а по нападот сам го прозва и го идентиофикуваше Асани како напаѓач на својот Фејсбук профил.

Тодор Петров беше еден од иницијаторите и донаторите за поставување на крстот во општината Бутел.

Поврзани новости