СДСМ: Институциите веќе преземаат мерки за расчистување на случајот со малолетното девојче

by Фокус

ВМРО-ДПМНЕ се обидува да злоупотребува лични трагедии и судбини за политички цели, реагираат од СДСМ по пресот на Марија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ, која побара одговорност за силуваното 13-годишно девојче од домот „25 мај“.

„Како што јавноста веќе е информирана, надлежните институции преземаат мерки и целосно го расчистуваат овој случај, се спроведува и рехабилитација, заштита и психосоцијална поддршка на малолетната жртва, како и мерки за превенција за во иднина да не се појавуваат вакви или слични случаи. Случајот со малолетното девојче е директна последица на систематското уривање на институциите што ВМРО-ДПМНЕ го правеше 11 години, особено во делот на социјалната заштита. За жал, овој случај само ја потврдува неопходноста од темелни промени во општеството и исправноста на започнатите реформи во сите сегменти“, соопштија од владејачката партија.

Поврзани новости