Во близина на трговскиот центар „Сити мол“ завчера околу 21.50 часот полициски службеници од ПС Карпош во содејство со припадници на единицата “Алфа“ при контрола на паркирано патничко возило “Форд фокус“ со прилепски регистарски таблички откриле и заплениле цел арсенал оружје и муниција.

При прегледот на возилото, пронајдени се: еден пиштол марка “Умарех“ 4.5мм 177; еден пиштол марка “Берета“ 4.5мм, еден пиштол марка “Екол Алп“ кал.9.мм , една фантомка црна боја; четири ножеви на расклопување; три помали ножеви скриени во футрола; еден куршум 9мм за огнено оружје-пиштол; еден куршум НН калибар; седум куршуми за пиштол за светлосна звучна сигнализација, како и еден магацин од пиштол со 10 куршуми за светлосно звучна сигнализација и друго.

Во полициската страница Карпош се приведени тројца прилепчани кои што биле во возилото, 42-годишен А.К., 31-годишен М.М. и 32-годишен Ј.С. Против нив по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, велат од полицијата.