1.1K
Повеќе од 500.000 евра засега чинат седумте договори на Владата со маркетинг агенциите за изработка и за реализација на две кампањи. Едната засега чини 320.000 евра и со неа ќе се промовираат реформите во јавната администрација, додека другата е за подигање на сообраќајната култура и таа во моментов чини околу 240.000 евра.
И за двете кампањи Владата предвидела дека може да потроши по половина милион евра, но останува да видиме дали ќе го искористи целиот буџет. Договорите се склучени во десетте дена веднаш по изборите.