Собранието набави по 50 шлемови, панцири и штитови за новинарите кои ги следат парламентарните дебати. Законодавниот дом се реши на ваков потег откако Уставниот суд потврди дека репортерите навистина биле во опаснот на 24 декември 2012 година за време на таканаречениот „Црн понеделник“, и затоа морале да бидат отстранети од собраниската галерија.
Вака, со оваа полна воена опрема новинарите ќе можат без пречки да ги следат и жестоките дискусии на народните избраници. Со оглед дека во Собранието сега речиси и да нема опозициски пратеници, новинарите ја прашаа пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева како би настанал инцидент кога во Парламентот единствен каков-таков преставник на опозицијата е пратеникот од партијата на Стевче Јакимовски.
– Еден е, ама е ГРОМ – децидна е Бонева.
Интересно е дека покрај воената опрема на новинарите ќе им се дадат и „рејбан“ очила со многу напредна УВ-заштита. На прашањето што ќе им се пак ваквите очила на репортерите, Бонева објасни:
– На новинарите ќе им треба заштита на зениците бидејќи се покажа дека кога Амди Бајрам излегува на говорница, тој просто блеска.