Јавниот обвинител на Република Македонија, Марко Зврлески, денеска ја отвори меѓународната конференција „Следење на комуникациите – законска рамка и искуства, улогата на јавниот обвинител“, која се одржува денеска во Скопје, а на која учествуваат јавни обвинители и нивни заменици од Албанија, Косово, Русија,Турција, Бугарија, Словенија и од Хрватска.
Зврлевски конференцијата ја отвори со зборовите дека нелегалното следење на комуникациите во нашата земја донесе нашата земја да се соочи со сериозна општествена криза.
-Следење на комуникацијата како начин за зачувување на безбедноста на нашата држава претставува предизвик со кој јавните обвинители секојдневно се соочуваат. Средствата за следење на комуникациите ги нарушуваат основните човекови права и придонесуваат за дестабилизација на општеството. Сведоци сме на честа злоупотреба на агенциите за следење на комуникациите. Иако со законот за следење на комуникациите повеќе институции се овластени за тоа, Јавното обвинителство, МВР, па, дури и Царинската управа, тоа, останува само на хартија, а следењето на комуникациите е целосно само во рацете на МВР, и најчесто без знаење на Јавните обвинителства, што е една од забелешките на меѓународната заедница, рече Зврлевски.
Тој ја истакна потребата за нов подобар закон за следење на електронските комуникации за во иднина да се спречат злоупотребите.