356
Новиот претседател на Врховниот суд, Јово Вангеловски ги покани на средба јавниот обвинител, Марко Зврлевски и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.
Зврлевски веќе се сретнал со Вангеловски, а по средбата, двајцата дадоа протоколарни изјави дека состанокот бил во насока на подобрување на комуникацијата помеѓу Врховниот суд и Јавното обвинителство.
По средбата со Јанева која е закажана за во 13 часот, Вангеловски ќе се сретне со претседателот на Адвокатската комора, Никола Додевски, кој е адвокат на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во случаите на СЈО.
Овие средби, Вангеловски ги најави уште при давањето заклетва, ветувајќи дека СЈО, граѓаните во РМ, Јавното обвинителство и адвокатите ќе имаат еднаков треман пред судовите.