842
Звонко Пекевски од редовите на СДСМ и официјално ќе биде кандидат за градоначалник на Берово на престојните локални избори, што ќе се одржат на 15 октомври, годинава.
Пекевски е вработен во општина Берово и беше кандидат за градоначалничкото столче и на претходните локални избори во 2013 година, кога загуби од неговиот противкандидат од ВМРО-ДПМНЕ, Драги Наџински.