Ѕвонеше ѕвончето на Детската клиника: Адријан ја победи болеста

by Fokus

Уште едно дете кое се лекуваше на онколошкото одделение ја напупшти Детската клиника во Скопје со аплауз и со ѕвонење на ѕвончето.

Мајката на јунакот Адријан, Марта Стојковска им се заблагодари на сите вработени за грижата.

Како да започнам да го славам овој ден ако не со БЛАГОДАРАМ?
Му БЛАГОДАРАМ на БОГА што со неговата милост и сила ни помогна да го поминеме овој најтежок период и да излеземе победници а мојот син ХЕРОЈ.
Му благодарам на целиот персонал од болницата кој несебично беа тука за нас и правеа се што можеа за мојот син и сите деца БОРЦИ.
И мора да се биде БОРЕЦ и мора да се биде силен,само така и со верба во БОГА ќе помине се и ќе се победи секое зло.
Излеговме како победници,излегоја и многу пред нас,но она што е моја желба е и сите после нас да излезат како такви,зошто верувајте ,овие деца го заслужуваат тоа и само тоа. Да бидат ПОБЕДНИЦИ и ХЕРОИ“, напиша таа на социјалните мрежи.

 

Поврзани новости