570
Српската полициска управа преку своите партнерски служби добила потврда дека убиеното лице во Панама не е Радоје Звицер, лидерот на озлогласениот „Кавачки клан“.
-Полициските информации, според сознанијата на порталот Стандард, укажуваат дека убиениот во централноамериканската држава Панама физички не личи на шефот на Кавачкиот клан, Радоје Звицер, пишува српски „Блиц“.
Со идентификација и физичка проверка, Српската полициската управа добила дефинитивна потврда дека контроверзното лице не е убиено во Панама, туку дека се работи за друго лице чиј идентитет се уште не е соопштен.
Пред два дена медиумите објавија информација дека лидерот на „Кавачкиот клан“ Радоје Звицер е убиен во пукотница во вила во Панама.