Кит Харингтон, кој е најпознат по улогата на Џон Сноу, и неговата сопруга Роуз Лесли го очекуваат своето второ дете.
Актерот ја потврди среќната вест во петокот на „The Tonight Show“ со Џими Фалон.
Парот веќе има дете, двегодишен син, кој сега, како што вели актерот, се подготвува за доаѓањето на брат или сестра.
„Се обидуваме да го подготвиме за тоа, покажувајќи му го стомакот и кажувајќи му дека има ново бебе внатре“, рече Кит во споменатата емисија.
Харингтон, кој се прослави со улогата во серијата „Игра на тронови“ и Лесли, која ја глуми неговата прва љубов во серијата, се запознаа за време на снимањето.
Медиумите првпат ги поврзаа во 2012 година, а врската ја официјализираа четири години подоцна, односно во 2016 година. Тие се венчаа во 2018 година во Шкотска.