Ѕвезди кои се соочуваат со истата состојба како Брус Вилис

by fokus

Американскиот глумец Брус Вилис е принуден да ја заврши кариерата, бидејќи му била дијагностицирана афазија – губење на говорната способност и на разбирање на говорот. Тој има 67 години.

„Поради тоа, Брус става крај на кариерата којашто толку многу му значеше“, се вели во изјавата потпишана од сопругата на Вилис – Ема Хеминг Вилис, поранешната сопруга Деми Мур и петте негови деца.

Освен Вилис, со оваа состојба се соочуваат уште неколку  ѕвезди.

Шерон Стоун во својот дом во 2001 година на 43-годишна возраст колабирала поради аневризма на мозокот и доживеала последователно церебрално крвавење кое траело девет дена. Кога Стоун била отпуштена од болница, таа ја изгубила способноста за читање и развила проблеми со говорот, вклучително и пелтечење.

Откако добитникот на Греми, кантри ѕвездата Ренди Тревис, беше хоспитализиран поради вирусна кардиомиопатија, вирус кој го напаѓа срцето, тој доживеал мозочен удар во 2013 година. Набргу потоа, тој ја изгубил способноста да зборува и да го разбира јазикот, а својата борба со афазија ја опишал во мемоарите од 2019 година, „Засекогаш, амин: Мемоари на музиката, верата и храбрите бури на животот“.

Набргу по завршувањето на снимањето на првата сезона на „Игра на тронови“ во 2011 година,Емилија Кларк вежбала со својот тренер кога доживеала болна главоболка за која вели дека чувствувала како еластична лента да ѝ го стега мозокот.

Своето искуство за субарахноидално крвавење, невообичаен вид на мозочен удар предизвикан од крвавење на површината на мозокот, го сподели во минатогодишниот есеј што го напиша за „Њујоркер“.

Поврзани новости