Холивудската актерка Џоан Колинс, која во светот се прослави со улогата на Алексис во серијалот „Династија“ по подолга пауза минатата недела се појави во јавност.
Таа објави фотографија од дружба со пријатели во нејзиниот дом, а она кое е впечатливо, актерката позната по својата фризура со крупни локни, која и беше заштитен знак со децении, се решила за комплетна промена.
На фотографијата позира со нов имиџ, со исправена и долга коса, и за кратко време по објавата доби илјадници комплименти на сметка на промената, но и на тоа како успева на 89 години да изгледа неверојатно. Пред неколку месеци таа беше хоспитализирана поради проблеми со потиснат нерв, кој и го отежнувал движењето. По враќањето од болница, објави снимка на која танцува во базенот и покажа дека повторно се вратила во форма.
Во интервју за американски медиум од пред неколку години пак, на прашањето како се храни, одговори дека не може да ги разбере оние кои се опседнати со нови и модерни диети.
-Пијат некои зелени сокови, козјо млеко, разни семиња, зелен чај… Јас наутро сакам нормален чај и нормално кафе! Сакам балансирана и здрава храна, внесувам витамини и сметам дека е важен квалитетот на она кое се јаде. Не сум за овие нови диети – порача актерката.
Таа е родена во Лондон и на свои 16 години започнала да глуми. Последен пат се појави на екранот во 2018 година, во филмот „Гери“.