Ѕверско вандализирање на паркот за миленици во Кавадарци: Какви луѓе живеат помеѓу нас?

by fokus

Паркот за миленици во Кавадарци, по помалку од три месеци, откако беше пуштен во употреба, е целосно уништен.
Урбаната опрема и разните реквизити кои беа поставени со цел граѓаните да имаат катче каде ќе се рекреираат со своите миленици се искршени, а кавадарчани се згрозени од глетката која ги дочекала утринава.

Настанот е пријавен во полиција, и граѓаните прашуваат од каде толкав гнев и желба за уништување, и какви луѓе живеат покрај нас.

Кавадарци е една од ретките општини која сериозно се заложи за решавање на проблемите со бездомните животни, а се труди и да обезбеди урбано живеење за љубителите на животни, пружајќи им место каде без да пречат ќе можат да се рекреираат со своите миленици.

Во општината моментално се гради Регионален центар за згрижување бездомни животни, проект вреден 242.000 евра, во близина на Глишиќ. Стационарот ќе се простира на површина од околу 5.500 метри квадратни, и ќе обезбеди соодветни услови за континуирана грижа за бездомните кучиња.

ФОТО: КТВ

Вики Клинчарова

Поврзани новости