1.1K
Пеачот на групата „Куку Леле”, Сашо Каимовски „Панки” е пуштен на слобода од грчкиот затвор.
Тој беше уапсен во март оваа година на преминот Евзони на пат кон Грција. Каимовски се бараше со европска потерница, распишана од германските власти за учество во мрежа што пред 13 години крадела податоци од картички на банкомати.
„Панки“ се сомничи дека во 2006 година од два банкомаи во Минхен, Германија, украл податоци и лозинки на кредитни и дебитни картички со поставување на микроскопски чипови што ги снимале податоците и со поставување на дополнителна тастатура.