Зошто Меџити не го разреши директорот на Психијатриската болница, каде што беше претепан пациент?

by Fokus

Зошто нема одговорност за директорот на Психијатриската болница каде јавноста беше згрозена од физичкото насилство кон пациентите кои таму се хоспитализирани. Ова беше едно од прашањата кои Игор Николов од ВМРО-ДПМНЕ јавно му го постави на министерот за здравство, Фатмир Меџити.

Тој го праша Меџити и зошто транспарентно не ги објави постапките при избор на директори во јавните здравствени установи, со оглед на фактот дека до сега има околу 20 нови директори, а јавноста не е информирана кои се.

Министерот Меџити, претходно кажа дека тоа што се случи во Психијатриската болница во Бардовци, не е ништо ново и оти се случувало со години наназад.

„Тоа таму не се случило сега, се случува години наназад и ние жалиме за тоа и поради тоа за прв пат покренавме мерки. Таму биле и службеници од МВР и ако треба ке бидат и судските органи што треба да се занимаваат со тоа, а ние сме тука за се да помагаме како министерство за здравство “, рече Меџити.

 

Поврзани новости