702
„Зошто ја погледна мојата сопруга при чекирање?“ Ова е била причина за масовната тепачка која вчера се случила на приштинскиот аеродром „Адем Јашари“.
Косовската полиција соопшти дека за тепачката осомничени се седум луѓе и тие се приведени во станица во Липјан.
Две лица се повредени и им била укажана лекарска помош, изјави портпаролката на полицијата Флора Ахмети. Полицијата соопшти дека седум лица осомничени дека се вмешани во ова претепување се приведени во полициската станица во Липјан.