611
Зошто ДУИ, која сите овие години е во МВР, молчи за издавањето лажни пасоши на странски државјани, додека лица кои со години живеат во земјава не можат да добијат државјанство, прашуваат од опозициската коалиција Алијанса за Албанците и Алтернатива.
-За коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива е помалку важно дали пасошите се издадени во времето на СДСМ, како што вели Мицковски, или во времето на ВМРО-ДПМНЕ, како што вели Заев. Но една работа е сигурна – дека ДУИ беше таму цело време за да им овозможи издавање пасоши на криминалците додека Албанците ги остави без државјанство, велат од опозициската коалиција.