Зошто означуваме одредени производи како премиум? Што точно ги одвојува од останатите производи на пазарот? Честопати премиум производите се продаваат со повисока цена, што ги дефинира како луксузни предмети. Но, единствениот факт на покачена цена нé целосно ја комплетира дефиницијата за премиум.
Премиум производите се често со многу подобар квалитет од сите останати. Освен тоа, тие нудат иновативни карактеристики и технологии, кои секако ја прават нивната употреба многу поудобна и поефикасна. Едноставно кажано, премиум производите работат и изгледаат подобро од сè друго што се продава на пазарот. И покрај тоа што тие често имаат повисоки цени, инвестирањето во нив е дефинитивно исплатливо на долг рок.
За да можеме подобро да разбереме зошто некои производи се означени како премиум, би било интересно да се истражат нивните предности. Земајќи го во предвид движечкиот дел на прашањето, треба да донесеме одлука за одреден вид премиум производи.
Ајде да зборуваме за клима уредите и системите за греење. Додека многумина од нас веќе знаат колку е важно да се грижиме за воздухот што го вдишуваме и предностите на квалитетот на воздухот во затворен простор, сепак има многу прашања на кои треба да се одговори пред да го финализираме нашиот избор. Честопати премиум системите за климатизација и греење се проследени со значителна инвестиција, но можете да бидете сигурни дека нивните придобивки заедно со целокупната удобност се дефинитивно исплатливи. Што точно добиваме ако решиме да инсталираме премиум систем во нашата куќа?
- Зелена енергија (Обновлива енергија)
Повеќето од премиум производите за климатизација и решенија за греење можат да користат обновлива зелена енергија – соларни панели и геотермална или воздушна енергија. Како сеуште нови и ексклузивни на пазарот, некои компании предлагаат решенија кои користат пумпи за топлинска енергија за да обезбедат греење, ладење и топла вода за вашиот дом во текот на целата година. На пример, „Altherma 3 Geo Thermal“ на Daikin користи само 25% електрична енергија и 75% геотермална енергија. Ова ја прави исклучително енергетски ефикасна бидејќи за секој Khw електрична енергија, се испорачува 5 Khw енергија!
Премиум системите за климатизација и греење се вклучени на повеќе начини во намалување на емисијата на CO2 на вашиот дом. Многу компании ги зголемуваат границите во овој аспект, особено кога станува збор за изворот на енергија на системите. Ексклузивниот R-32 фреон на пазарот има глобален потенцијал за затоплување, што е за една третина понизок од фреоните R-22 и R-410 A кои се денес најраспространети.
R-32 претставува ексклузивен дел од Bluevolution технологијата која се користи кај сите премиум производи на Daikin, компанија која ја има патентирано оваа револуционерна технологија користејќи го најекономичниот Р-32 фреон на пазарот.
- Ефикасност
Повеќето премиум системи за климатизација и греење имаат извонредни карактеристики што ги прават да работат подобро и поефикасно од било кои други производи на пазарот. Голем фактор на ефикасноста на овие решенија е рамномерна и доволна дистрибуција на топлина во секој дел од вашата куќа.
Различни премиум единици промовираат поволни карактеристики во различни режими на работа, кои обезбедуваат привремен раст на енергијата, што ја намалува потрошувачката, а итовремено ја одржува температурата во просторијата на исто ниво. На пример, престижните единици што стојат на подот од Daikin имаат моќен режим, кој се вклучува само кога е потребно, во траење од 20 минути пред да се врати во нормалниот режим.
Кога зборуваме за рамномерно дистрибуирано греење и ладење, не можеме да заборавиме да споменеме неколку единици на Daikin кои го користат ефектот Coanda. Овој физички феномен всушност помага протокот на воздухот да ги достигне и најдалечните површина. Сите единици од “Stylish FTXTA-AW” серија имаат внимателно дизајнирани клапни (перки), кои обезбедуваат непречена дистрибуција на температурата