Зорица Поп Панкова ја продава својата книга за помош на бездомните животни!

by fokus

Легендарната поп пејачка Зорица Поп Панкова, која во 70-те години на минатиот век беше на врвот на забавната сцена, ја продава својата книга ,,Ние”, а средствата се наменети за помош на бездомните животни.
Како што информира легендарната пејачка на својот социјален профил, оставила поголем број од нејзините книги кај Ирена Јосимоска, која е активист за заштита на бездомните животни, а со средствата од продажбата на ,,Ние” ќе се обезбедела храна за животните, нивно лекување, стерилизација или пансиони.

Инаку, во книгата е опфатен периодот од 1970 до 2000 година, односно тогашните случувања на македонската музичка сцена.

-Опфатени се големите композиторски имиња кои пишувале песни за мене, македонски рок групи во кои сум пеела, случки, доживувања, и какви биле членовите на групата ,,Македонија” во која пеев од 1977 до 1984 година.
Даниела, Верица, Сашка, Панче, Кирчо, Чешларов, и сите музичари, членови на групата…
Од Министерството за култура книгата е проценета на 1.000 денари, но се продава за 150 денари. На Ирена и ги донирав книгите за да може да продолжи со својата хумана мисија.
Со имањето на ,,Ние” во рацете, и после мене ќе остане нешто за памтење на идните генерации – вели Зорица.

Оние кои сакаат да ја купат нејзината книга и да придонесат за подобар живот на бездомните животни, можат да ја контактираат активистката Ирена на 074 747 122.

Вики Клинчарова

Поврзани новости