На протестниот марш на ВМРО-ДПМНЕ пред Владата се обрати ќерката на притворениот Митко Чавкова, Зорица Чавкова. Таа рече дека нејзиониот татко не е терорист и дека е горда на своето презиме.
-Мојот татко не е терорист, се бореше за безбедноста на државата. Не се терористи ниту Борис Дамовски, ниту Игор Дурловски , ниту Богдан Илиески, ниту останатите притворени. Ја сретнав мајката на Борис Дамовски во затворот во Шутка, не знае ни дали е добар, не ѝ дозволија ни да му ги достави најнеопходните работи. Единствено што најдоа во нашиот дом беа телефонот и службениот пиштол. Зарем тоа е најголемиот доказ за да докажат дека е терорист. Зарем телефоните на кој било од приведените се најопасното оружје и доказ за да ги третираат како терористи?, праша Чавкова.