850
Фондацијата „Фридрих Еберт“ му додели Награда за човекови права на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, кој е награден за личната посветеност кон Договорот од Преспа и неговите проевропски заложби за слободно и отворено општество. Официјалното доделување на наградата е планирано за оваа есен во Берлин, пренесува Дојче Веле.
Наградата треба да се доделува на лице или организација, кои дале особен придонес на за човековите права во различни делови од светот. Паричната награда изнесува 10.000 евра и се доделува годишно. Минатата година наградата ѝ беше доделена на Мирјам Миранда, активист за правата на жените и заштита на животната средина од Хондурас.