Зоран Верушевски и Бојан Маричиќ добија партиски функции во СДСМ

by fokus

Снежана Калеска-Ванчева, пратеничката во Собранието на РСМ е избрана за нов координатор на Форумот на жени на СДСМ, а комплетиран е и раководниот кадар на партиските комисии како стручни тела, на вечерашната седница на Централниот одбор на партијата.

– СДСМ покажа дека има капацитет перманентно да се менува во интерес на граѓаните на забрзување на напредокот на нашата земја. Во таа насока ЦО на СДСМ денеска ги комплетираше првите луѓе на своите партиски комисии, изјави по состанокот генералниот секретар на партијата Љупчо Николовски.

Тој информира дека за претседател на Комисија за внатрешни работи е назначаен Зоран Верушевски, на Комисија за европски прашања Бојан Маричиќ, на Комисија за економија Кирил Колемишовски, Комисија за животна средина и просторно планирање Каја Шукова, Комисијата за здравство Венко Филипче, Комисија за земјоделство Зоран Атанасов, Комисијата за труд и социјална политика Милан Живковиќ, за култура Роберт Алаѓозовски, за образование и наука Елизабета Наумовска. Комисијата за надворешни работи ќе ка предводи актуелниот министер за дијаспора Едмонд Адеми, Драган Николиќ ќе ја води Комисијата за одбрана, Златко Николовски Комисијата за правда, Благој Бочварски  Комисијата за транспорт и врски, Фатмир Бекиќи Комисијата за финансии, Драган Гоцевски ќе ја води Комисијата за информатичко општество  и администрација, Дејан Павлевски Комисијата за локална самоуправа и Митко Андреевски ќе ја води Комисијата за енергетика.

Со одлука на ЦО, рече, се воведува и нова Комисија за спроведување на политиките на „Едно општество за сите граѓани“. Во наредниот период, додаде Николовски, останува да се компетираат секторите и секретаријатите на комисиите коишто, вели, ќе  работат интензивно на креирање нови мерки и политики и на реализација на ветувањата дадени кон граѓаните.

Поврзани новости