Денеска на предлог на Министерот за економија, Крешник Бектеши, за нов државен секретар во министерството е именуван Зоран Павловски.
„Зоран Павловски, член на Либерално-демократската партија, на ова место доаѓа од позицијата раководител на сектор за администрирање на приходи, локален економски развој и стратешко планирање во Општина Куманово, со иксуство во развој на локална економија, поддршка во развој на мали и средни претпријатија, претприемништво, туризам, занаетчиство и угостителство.
Новиот државен секретар првенствено ќе се залага за зголемена подршка на мали и средни бизниси, релаксирање на законската регулатива со намалување на парафискални даноци и надоместоци, еднакви услови за домашните и странски компании, како и за зголемување на конкурентноста на малите и средни претпријатија“, се вели во соопштението на ЛДП.