859
Колку и за што трошел пари на службените патувања екс министерот за одбрана Зоран Јолевски, се анализираше вечерва во емисијата „Топ тема“, откако ваквите информации беа декласифицирани од страна на новата Влада.
Според сметките во кои имала увид телевизијата, Јолевски секогаш имал големи суми пари на службената картичка и правел трошоци до 4.000 евра. Престојувал во скапи хотели, но најмногу внимание посветувал на изборот на рестораните, при што вечерал во луксузни угостителски објекти каде сметките биле и по неколку стотини евра. Најчесто патувал во САД, каде што останувал невообичаено долго, при што најкраткото патување во оваа земја му траело четири дена.
Јолевски во изјавата за телевизијата посочените трошоци ги нарече разумни.