Поп пејачот Зоран Илиев и неговата сопруга Анѓелка ја добија ќеркичката Бисера. Гордиот татко вели дека е пресреќен и дека мајката и новороденчето се чувствуваат добро.
-Пресреќни сме, Бисера е убаво бебе, се роди со 2,5 килограми, се помина во најдобар ред. Идејата за ова традиционално македонско име е моја, според песната „Бисера“ која ми е омилена и често ја изведувам – вели штипјанецот.
Тој и Анѓелка, која е специјалист дерматовенеролог во ,,Филип Втори’’, стапија во брак во јули годинава. Бисера е прво дете на Зоран, а второ на неговата сопруга, која има уште една ќерка.
Илевски долги години се занимава со музика. Тој е неколкукратен победник на музичкиот фестивал на забавни мелодии „Макфест“. Лани, пак, го освои првото место на фестивалот, за дуетот со Анабела Атијас, „Од утро до вечер“. Дел од паричните средства од наградата ги донираше за лекување на девојче од Неготино. Тој е познат како голем хуманист и често учествува на хуманирани концерти.
Вики Клинчарова