Зоран Божиновски нема да се гони за „Злосторничко здружување“ во „Шпион“

by fokus

Зоран Божиновски, еден од обвинетите во случајот „Шпион“ нема кривично да се гони за делото „Злосторничко здружување“, бидејќи кривичното дело е застарено.

На денешносто судско рочиште судијата Владимир Туфегџиќ истакна дека кривичниот прогон за ова дело се запира, бидејќи предвидената казна била од 6 месеци до 3 години затвор, што значи дека апсолутната застареност настапила за шест години, од сторувањето на кривичното дело во 2011 година.

На Божиновски ќе му се суди само за кривичното дело „Шпионажа“.

Поврзани новости