813
Зоран Ангеловски е избран за директор на новата Оперативно-техничка агенција (ОТА).
Ангеловски е избран едногласно со 83 гласа „за“, како и со двотретинско мнозинство. Неговиот мандат ќе биде пет години.
Предлогот Ангеловски да биде директор на ОТА во средата беше изгласан од собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата, откако владејачките партии постигнаа договор од 14-те кандидати.
Ангеловски претходно работел во Агенцијата за разузнавање од 1998 до 2005 година, а бил и инспектор во Град Скопје. Потоа работел во Телеком.
Тој ќе застане на чело на новоформораната Оперативно техничката агенција која ќе има задача да го следи прислушувањето, кое повеќе нема да биде во УБК.