Од денеска скопската Зоолошка градина повторно е отворена за посетители по 21-дневна пауза, бидејќи беше затворена поради регистриран случај на птичји грип кај угината гуска во Градски парк.
За време на затворањето, вработените продолжиле да се грижат за животните и да ги чистат нивните живеалишта. Агенцијата за храна и ветеринарство утврди дека Зоолошката не постапила според законските процедури за пријавување на зараза по што на терен беа убиени 24 птици.
Од Зоолошката, пак, обвинуваат за незаконски упад и масакр врз птиците, што го сметаат за незаконска акција без соодветни докази. Добрата вест е дека сите тестирани вработени и граѓани кои побарале тестови за птичји грип имаат негативни тестови на вирусот, што значи дека заразата не се пренела на луѓе.