ЗОО Скопје: Демантираме, женката сијаманг не беше бремена во моментот на угинување

by Fokus

Во врска со угинатата женка од видот сијаманг, точните причини за смртта ќе ги објават веднаш штом ги добијат официјалните резултати од обдукцијата направена од страна на стручни лица од Факултетот за ветеринарна медицина, со цел поголема транспареност, како што тоа е пракса и од минатато, соопштија од скопската зоолошка.

„Исто така би сакале да ги демантираме шпекулациите дека женката сијаманг била бремена во моментот на угинување.
Животните од скопската зоолошка добиваат ветеринарен третман веднаш штом се појави било каков прв симптом или аларм дека можеби се болни или имаат некаква повреда. Нивната благосостојба постојано будно се следи од страна на вработените во Скопје ЗОО, а благодарение на Факултетот за ветеринарна медицина имаме пристап до најсовремено лекување, дијагностицирање и третман на животни. За жал, како и кај луѓето, така и кај животните, не секогаш може да се избориме со некои заболувања, иако се преземени сите можни здравствени мерки“, соопштија оттаму.

Стефан Кирков од ВМРО-ДПМНЕ реагираше по повод угинувањето на една женка мајмун од Скопската Зоолошка градина.

„Се работи за трудна женка, важи за еден од најретките заштитени видови на мајмуни во Светот“, рече тој.

Поврзани новости