Кандидатот за градоначалник на СДСМ на Карпош Душко Весковски најави решавање на проблемите со паркирање во општината.
-Спроведувањето на проектот за воведување на зонско паркирање во Карпош 1 и 2 – кај Драмски театар, Карпош 3 и 4, кај Млечен, Влае ќе ги подобри условите за паркирање на жителите, кои бесплатно ќе ги користат паркинзите. Посетителите на деловните субјекти, од друга страна пак за симболична цена, комфорно и безгрижно ќе можат да го поминат времето на одредената локација. Истовремено ќе се создадат зелени површини со современо хортикултурно уредување и урбана опрема, што ќе придонесе за сеопфатната цел на нашата политика за зголемување на зеленилото во Карпош – рече Весковски.
Средствата кои ќе се влеат во општинскиот буџет, додаде тој, ќе бидат искористени за финансирање на проекти за изградба на нови детски игралишта.