Зоки Кичеец три часа беше на распит во ОЈО, следна е Јанева

by fokus

Осомничениот Зоран Милевски Кичеец денеска во Обвинителството за организиран криминал и корупција три часа даваше исказ за случајот „Рекет“. Тој беше донесен со затворско комбе директно до вратата на ОЈО, а така и го однесоа, без да биде снимен.

Денеска во својство на сведок сведочеше и пензионерката Лилјана Тодоровски. Претходните денови сведочеа обвинителките Лиле Стефанова и Елизабета Јосифовска, нивниот колега Бурим Рустеми, како и шефицата на кабинет на Катица Јанева.

Утре, во 10 часот, е повикана да сведочи и специјалната јавна обвинителка Јанева. Таа засега има статус на сведок.

Поврзани новости