776
Македонскиот олимпиец Ставре Јада го освои 86-тото место од вкупно 88 натпреварувачи во нордиско скијање во дисциплината спринт на 1.5 километар на зимските олимписки игри.
Квалификациите Јада ги заврши со време од 1:34.8 и тоа беше доволно да биде побрз само од двајца натпреварувачи и тоа Либанецот Ели Тавк и Колумбиецот Андрес Кинтана.
Победници во оваа дисциплина беа Французинот Шанава со време од 1:14.9, зад него заврши Русинот Усјугтов со време од 1:16.9, брозната заврши кај Калебо од Норвешка со време од 1:16.7.