446
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) денеска на прес конференција по повод пресудата на Европскиот суд за човекови права за исфрлањето на новинарите од Собранието на „црниот понеделник“ побара оставка од судиите од Уставниот суд.
-Доколку Уставниот суд, односно уставните судии сметаат дека се кредибилни по пресудата треба да понесат одговорност, изјави претседателот на ЗНМ, Насер Селмани.
Тој рече дека пресудата претставува доказ дека институциите во Република Македонија потфрлија во исполнување на својата основна задача да ги штитат и промовираат човековите права. Во тоа подеднакво се одговорни, претседателот на Собранието, институциите, Министерството за внатрешни работи, како и судовите и Уставниот суд.