Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува поддршка кон колешката од МИА, Ангела Рајчевска поврзано со денешниот вербален инцидент во скопскиот суд.
По добиена пријава денеска, при вршење на својата професија, новинарката Рајчевска била вербално нападната од страна на обвинето лице во судскиот случај „Ласкарци“, информираат од ЗНМ.
Оттаму појаснуваат дека „при обидот таа да побара изјава од страна на неговиот адвокат, обвинетиот и упатил пцовки и погрдни зборови со кои ја одвратил од обидот да земе изјава“.
„Потсетуваме дека новинарите и медиумските работници се прозорецот кон јавноста и цврсто застануваме во одбрана на нивното достоинство како и нивната безбедност. Остро ги осудуваме ваквите инциденти кон нашите колеги и во исто време ги охрабруваме да ги пријавуваат за да можеме гласно да реагираме и да покажеме поддршка и солидарност“ се вели во соопштението од Здружението на новинари на Македонија.