ЗНМ преговара за вакцинација на медиумските работници

by fokus

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) преговара со Министерството за здравство за вакцинација на медиумските работници.

Според она што е првично договорено, за медиумските работници над 45 години и хронично болните треба да се одделат, околу 500 дози, од 24.000 вакцини од АстраЗенека кои во неделата пристигнаа во земјава преку Ковакс-механизмот.

Од следните дози кои треба да стигнат во земјава, за неколку недели би требало да продолжи вакцинацијата и на останататите медиумски работници. Со тоа, тие би влегле во системот како приоритетна група, секако откако ќе почне вакцинацијата на граѓаните постари од 70 години и хронично болните, група граѓани кои се на ред за вакцинација, според планот за имунизација.

Разговорите меѓу Здружението и Министерството за здравство се во тек, наредните денови раководството на ЗНМ и на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) треба да има средба со министерот за здравство, Венко Филипче на којашто ќе се прецизираат детали кога би почнала вакцинацијата на овие медиумски работници и за точниот број на дози. До крајот на оваа недела Здружението би требало да ги договори сите детали и да излезе со подетални информации.

Поврзани новости