ЗНМ: Новинар и снимател се нападнати со секира

by Fokus

Здружението на новинарите на Македонија бара од министерството за внатрешни работи да спроведе брза и ефикасна истрага за денешниот напад кон  колеги од ТВ Полог, Тетово.

Имено, денеска за време на снимањето инсерти за репортажа од основното училиште ,,Наим Фрашери” во село Ѓурѓевиште, општина Врапчиште, Гостиварско околу 14:00 часот новинарот Неври Адеми и снимателот Збулим Максути, вербално а потоа и физички биле нападнати од страна на едно лице.

Според изјавите на нашите колеги, за потребите на репортажата за спроведувањето на проектите во училиштето додека тие снимале во училиштето Бурхан Хамити им се обратил со вербални навреди и закани, при што го фатил снимателот за глава и го туркал по скалите во училиштето.

ЗНМ веднаш контактираше со новинарот на ТВ Полог Неври Адеми и тој ни потврди за овој инцидент и ни даде конкретни информации дека: ,,Додека снимавме и работевме на репортажата со колегата снимател Збулим, ни се доближи лицето Бурхан Хамити и откако ни се обрати со погрдни зборови, го фати колегата за глава и го буткаше по скали. Потоа слезе во училишниот двор и почна да не брка со секира. Ние брзо влеговме во автомобилот и се упативме до полициска станица да го пријавиме нападот,а напаѓачот цело време не следеше со неговиот автомобил дури до селото Неготино, гостиварско,“ изјави Адеми.

 

Поврзани новости