ЗНМ ја поздрави одлуката за укинување на владините реклами

by fokus

Здружението на новинарите на Македонија ја поздрави одлуката на Владата трајно да ги укине владините реклами во сите медиуми со што ќе се прекине коруптивната врска меѓу власта и медиумите.

„Укинувањето на рекламите ќе ги ослободи медиумите од финансиската зависност од владата, која во изминатиот период стана еден од најголемите огласувачи во медиумите. Со тоа, таа ги претвори медиумите во пропагандна машинерија и спречуваше било каква јавна критика“, велат од ЗНМ.

Од таму додаваат дека без владини реклами ќе се воспостави нормален медиумски пазар, кој ќе обезбеди поголема финансиска и професионална слобода на медиумите.

„Иднината на медиумите треба единствено да зависи од подобрувањето на квалитетот на новинарската содржина,  со што ќе се врати довербата на граѓаните и огласувачите. Во однос на најавите дека во иднина целата комуникација со граѓаните ќе оди преку јавниот радиодифузен сервис, потенцираме дека Владата треба да биде транспарента кон сите медиуми, а не само кон МРТ. Обврска на владата е да ги прави достапни сите информации од јавен карактер, а од МРТ и приватните медиуми зависи на кој начин тие ќе бидат презентирани. Уредувачка независност на медиумите треба да биде почитувана“, подвлекуваат од таму.

facebooktwittergoogle_pluslinkedin

Поврзани новости