ЗНМ ги осуди заканите од ДУИ врз новинарот Мухамед Зекири

by Фокус

Здружението на новинарите на Македонија остро ги осуди притисоците и заканите на претставници на ДУИ врз новинарот на ТВ Шења, Мухамед Зекири и истакна дека ваквите притисоци ја загразуваат слободата на говорот и потикнуваат самоцензура кај новинарите.

-Со закани и притисоци врз новинарите Македонија нема да се извлече од групата на африкански земји каде масовно се кршат медиумските слободи. Крајно лицемерно е ДУИ да ја убедува јавноста дека медиумите на албански јазик се послободни благодарение на нивното одговорно однесување како владејачка партија, а во исто време нивните челници се закануваат на новинарите. Лидерот на ДУИ Али Ахмети како потписник на договорот од Пржино се обврза за поголема слобода на медиумите. Крајно е неодговорно лидер на партија да не го почитува сопствениот потпис, се вели во соопштението на ЗНМ.

ЗНМ ги повика челниците на ДУИ веднаш да престанат со притисоците врз новинарот Зекири, и истакнува дека во спротивно ќе бидат принудени да разгледат други правни чекори за заштита на колегите.

Поврзани новости