ЗНМ до Обвинителството: Уставот ја забранува цензурата!

by Фокус

Здружението на новинарите на Македонија најостро ги осуди, како што велат, заканите за кривичен прогон на новинарите упатени од Обвинителството доколку објавуваат материјали кои што можат да станат предмет на кривична постапка.

– Ваквото однесување на обвинителството е бесмислено зашто дрско бара да се укине улогата на медиумите како коректив на властите во едно демократско општество. Со ваквите закани кон новинарите Обвинителството ги загрозува уставните права и слободи на новинарите и граѓаните. Го потсетуваме Обвинителството дека македонскиот Устав е многу јасен. Тој во член 16 забранува цензура – нагласуваат од ЗНМ.

Поврзани новости