Знаме со карта на „Голема Албанија“ се вееше во Тетово зад Касами, Курти, Гаши и Меџити

by Fokus

Знамето со картата на „Голема Албанија“ се вееше во Тетово на вчерашниот собир во центарот на градот, покажуваат фотографиите кои на социјалните мрежи ги сподели градоначалникот на Тетово, Билал Касами.

Тој е на настанот заедно со Иџет Меџити, Африм Гаши и косовскиот премиер Албин Курти. Организатор на настанот беше Касами.

Од „Макфакс“ побарале одговори зошто дозволил да се вее етничкиот симбол каде дел од териториите на Македонија, Црна Гора, Србија и Грција се преставени како дел од т.н. „голема Албанија“, но немало одговор на пораката.

Одговор се чека и од МВР, за тоа дали полицијата ќе бара одговорност од лицето што го извадило знамето, како и од организаторот, кој тоа го дозволил.

Поврзани новости