ЗНАМ по повод 8. Септември: Македонија е наша татковина – независноста наше наследство, а иднината заедничка обврска

by irena 08:28
08:28

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија упати честитка до граѓаните по повод 8 Септември – Денот на независноста на Македонија, одбележувајќи 35 години од прогласувањето на независноста.

Во честитката од партијата се потсетува на референдумот од 8 септември 1991 година, кога, како што наведуваат од ЗНАМ, граѓаните ја потврдиле историската одлука за суверена, самостојна и независна држава.

„Денес, 35 години подоцна, независноста е наша чест, но и наша обврска“, наведуваат од ЗНАМ.

Од партијата посочуваат дека обврската е да се зачува државноста, да се брани достоинството и да се создава држава во која секој граѓанин ќе има сигурна иднина и еднакви можности за успех.

„Македонија е наша татковина. Независноста е наше наследство. Иднината е наша заедничка обврска“, стои во честитката.

Од ЗНАМ додаваат дека е потребно заеднички да се гради, како што велат, силна, стабилна, достоинствена и европска Македонија.

Од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија упатија честитки до сите граѓани по повод празникот:

„Честит 8-ми Септември! Честити 35 години независна Македонија!“.

Слични вести