(ФОТО)Вандали запалиле контејнери со ѓубре во Ново Лисиче – ќе ги бараат со „Сејф сити“

by irena 00:38
00:38

Скопје нема да биде заложник на вандали, барам итна реакција од МВР, вели градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски по вечерашниот инцидент во кој беа запалени повеќе контејнери во Ново Лисиче и на булеварот „Македонско-косовска бригада“.

Во услови кога набавивме 3.300 нови контејнери и го решивме проблемот со сметот, очигледно дека на некој не му одговара чисто Скопје и развојот на градот. Ова е удар врз сите скопјани и врз заедничкиот имот, платен со нивни пари. А ако со ова некој мисли дека мене лично ми прави штета, се лаже! Прави штета на градот, овие контејнери се купени со парите на скопјани! Го повикувам МВР веднаш да ги провери снимките од „Сејф Сити“, да ги пронајде сторителите и да испита дали палењата се организирани и политички мотивирани. Барам одговорност!

Наскоро го завршуваме поставувањето на 200 градски камери за посилен надзор и откривање на ваквите појави и за кои апсолутно нема да има никаква толеранција! Чувајте го Скопје и пријавувајте вандализам. Нема да дозволиме некој да си поигрува со градот! Со законите нема поигрување, напиша Ѓорѓиевски.

Запалени контејнери со ѓубре / фото официјална Фејсбук страница на градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски

Слични вести