Никола Мемов – портпаролот на движењето ЗНАМ на прес-конференција во врска со изборниот процес, констатираше дека изборите беа делумно фер и демократски.
Според Мемов, имало нерамноправност во медиумското претставување, како и политички притисок врз нивниот кандидат – Максим Димитриевски.
Тој појасни дека преку изборниот законик имале нерамноправност во медиумското претставување на кандидатите за претседател на државата, фаворизирајќи ги кандидатите од четирите најголеми парламентарни партии, со десеткратно поголема медиумска застапеност, платена од граѓаните на државата.
– Политичкиот притисок на нашиот кандидат за претседател, преку монтиран судски процес, поради одбрана на јавниот интерес наспроти бизнис интересите на фирми спонзори на власта. Г-нот Димитриевски беше повеќе пати повикуван на судски рочишта и распиш во Обвинителството во сред кампања, само со цел да го нарушат неговиот личен углед, но и динамиката на нашата кампања – рече Мемов.
Како што посочи, без разлика на овие опструкции, Движењето ЗНАМ ги исполнило целите на кампањата. Тој порача дека продолжуваат понатаму со уште позасилено темпо до парламентарните избори на 8 мај.
– Преку позитивна, скромна и луцидна кампања на терен и преку медиумите до граѓаните ги пренесовме нашите конзистентни политики и политички пораки. Сакам да им се заблагодарам на сите наши членови и поддржувачи со порака дека продолжуваме понатаму со уште позасилено темпо до парламентарните избори на 8 мај – додаде Мемов.