ЗНАМ демантира дека децата биле „принудени“ да ја пејат песната за Максим Димитриевски

by jadranka 18:36
18:36

Движењето ЗНАМ за Наша Македонија ги отфрла како целосно невистинити и злонамерни обвинувањата на СДСМ дека децата биле „принудени“ да пеат песна од изборна кампања. Ваквото тврдење е брутална лага и свесна манипулација со која СДСМ се обидува да создаде скандал таму каде што истиот не постои, велат од ЗНАМ.

Во конкретниот случај, во ОУ Кочо Рацин во Куманово, немало никаква злоупотреба на деца, ниту принуда, ниту политичка активност, ниту било каков организиран партиски ангажман. Станува збор за хуманитарен настан организиран од Советот на родители при училиштето, со благородна цел – помош таму каде што е потребно.

Се друго што го пласира СДСМ е груба лага. Целата организација е на родителите во соработка со естрадни уметници, водители, ди-џеи и аниматори кои на свој слободен стил се изразуваат. Песната е авторска, а не изборна, како што самите ја именуваат, што дополнително ги демантира нивните обвинувања и обидите за политизација на настанот. Очигледно е дека во целосно отсуство на сопствени политики, идеи и програма, СДСМ повторно се занимава со измислени скандали. Наместо да поздрават настани од ваков хуманитарен карактер, тие напаѓаат и политизираат, што претставува дното на нивното политичко делување.

Слични вести