Водата е неопходна за правилно функционирање на човечкиот организам, таа зазема 2/3 од телесната тежина и е вклучена во скоро сите функции кои се случуваат во телото, па поради тоа нејзината улога е доста голема за нормално и правилно функционирање на телото. Најмногу вода се троши преку дишење, потење и уринирање, но постојат и други начини на губење на водата кои што можат да го забрзаат процесот на дехидратација на организмот.
Дехидратација е состојба на организмот во кој количината на течностите кои ги губи телото е поголема од оние кои што се внесуваат. Меѓу првите симптоми на дехидратација е жедта. Колку е поголема жедта толку е и поголема скалата на дехидратација на организмот.
Освен жедта ќе наброиме уште неколку симптоми кои се појавуваат кога дехидратацијата е веќе присутна:
· Сува уста
· Главоболка
· Вртоглавица
· Поспаност
· Слабост во мускулите
· Запек
· Претерано жолта мокрача
Овие симптоми се јавуваат во рана фаза од дехидратација и доколку не се превземе нешто за рехидратација тогаш се јавуваат потешки симптоми на дехидратација а такви се:
· Намалено производство на урина
· Отсуство на солзи и потење
· Намален крвен притисок
· Тахикардија
· Збунетост и вртоглавица
Најчести причини за појава на дехидратација се појава на дијареа и повраќање, зголемена телесна температура, често мокрење, изгореници и други оштетувања на кожата.
Прв чекор во рехидрирање на дехидрирано тело е употребата на орални рехидратациски соли или ОРС . Овие раствори се познати уште и како електролити, и истите овозможуваат брз внес на веќе изгубени катјони и анјони, како што се натриум (Na+ ) , калиум (K+), калциум (Ca2+), хлориди (Cl−). Освен катјони и најони во составот има и глукоза која што исто така има улога во фазата на рехидратација.
Употребата на овие раствори се прави голтка по голтка со временски интервали од 5 минути . Употребата на ОРС препаратите за 93 % ја намaлила смртноста кај пациенти кои страдале од прекумерно губење на течности при дијареа. Овие раствори се на листата на есенцијални лекови на Светската здравствена организација како најефикасни најсигурни лекови во здравствениот систем.
Др. Ванчо Коцев – лекар по општа медицина
ПР текст