ЗМСТАС: Нема проблем платата на лекарите да достигне до 300.000 денари, но соодносот со медицинските сестри да биде 1:2

by Fokus

Унијата на Здружение на медицински сестри, техничарки, акушерки и стоматолошки сестри предводена од ЗМСТАС „За нас“ преку отворено писмо го искажа својот став во однос на последните преписки и случувања околу зголемувањето на платите.

„Медицинските сестри во колективните договори се опфатени во малку групи, и на тој начин не се платени по одговорностите како што и заслужуваат! Последните парцијални покачувања на платите по основ на коефициенти, и по основ на додатоци ги остави медицинските сестри на сооднос 1:3 наспроти личните доходи на лекарите по коефициент, односно 1:5 по основ на додатоци на плата“, се наведува во отвореното писмо.

Оттаму бараат да се следи законската рамка која укажува на тоа соодносот да биде 1:2, особено кај сестрите со ССС.

– Покачувањето на платите не го решава и регулирањето на соодносот, туку мора да се направи соодветна измена на коефициентите и зголемување на групите кај медицинските сестри. Нема никаков проблем платата на лекарите да достигне и до 300 000 денари, но и соодносот со медицинските сестри да биде според законската регулатива 1:2. Исто така бараме надзор за почитување на анекс договорот за колективните договори на медицинските сестри бидејќи истиот не се спроведува во голем број болници, се вели во отвореното писмо на Унијата на ЗМСТАС предводена од ЗМСТАС „За нас“.

„Конкретно анекс договорот за ВСС се уште не е спроведен во сите ЈЗУ. Во некои е делумно, во некои се спроведе, а за 120 медицински сестри во многу ЈЗУ се уште систематизацијата е параван за неспроведување на анексот договорот, не се поставени со решенија и немаат признаено образование иако земаат финансиски додаток кој патем не се пресметува во платата.

Поврзани новости