Историскиот судски процес за случајот „Змиско око“ по 16 години судење застаре со донесените измени на Кривичниот законик, без да дочека правосилна пресуда.
Триесет и осум обвинети по повеќе од деценија и пол по судовите конечно го завршија судскиот процес и најавуваат дека ќе ја тужат државата и ќе бараат максимум отштета.
За нив и оваа одлука не е правда со оглед на тоашто како што велат, животот им го претвориле во судски процес.
Обвинителството денеска го повлече обвинението за овој случај, а судот донесе одлука за застареност на кривичното дело злоупотреба на службената положба и овластувања.
Низ годините Апелацискиот суд три пати го враќаше предметот пред Кривичниот суд, а имаше и осудителни, условни и ослободителни пресуди.
Спектакуларното апсење на овие луѓе,со специјалци почна во ноември 2007 година и траеше неколку дена, а тогашната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска пред јавноста истакна дека се реализирала најголемата, најдолгата и најмасовната операција досега.
Уапсените се гонеа дека организирано формирале злосторничка дружина која не издавала фискални сметки за платени патарини, а парите ги ставале во џеб, по што, повторно организирано ги делеле.